Професионалната Противпожарна единица - Струмица е професионална, стручна, хуманитарна, непрофитабилна и неполитичка Единица од посебни интереси на градот Струмица и Република Македонија. Територијалната Професионална Противпожарна Единица Струмица се развива и го унапредува пожарникарството и заштитата од пожари во склоп на техничкиот развој и достигнување на науката, технологијата и праксата во Република Македонија. Активен учеесник е во спроведувањето на превентивните мерки за заштита од пожари, во гаснењето на пожарите, во спаасувањето на луѓето и имотите при природни и други непогоди и незгоди. Територијалната Професионална Противпожарна Единица Струмица ја следи, насочува и ја ускладува работата на пожарникарите во остварување на работните задачи од областа на заштита од пожари, експлозии и други дејствија во врска со заштитата од пожари и пожарникарството. Територијалната Професионална Противпожарна Единица Струмица брои 41 вработени професионални пожарникари од кои 35 се со постојан работен однос а 6 со договор за дело.
1 - Командир на ТППЕ Струмица
4 - Командири на одделенија
4 - Водичи на група
11 - Возачи пожарникари
21 - Пожарникари
КОМАДИР НА ТППЕ СТРУМИЦА
![]() |
Мијалче Крстев
КОМАДИРИ НА ОДДЕЛЕНИЕ
![]() |
![]() |
![]() |
|
Ристо Тунев |
Илија Козаров |
Борче Ѓузелов |
ВОДАЧИ НА ГРУПА
![]() |
![]() |
![]() |
|
Митко Балтаков |
Никола Гончев |
Војо Трајанов |
ПОЖАРНИКАРИ - ВОЗАЧИ
![]() |
![]() |
![]() |
|
Сашко Танев |
Ристо Ефтимов |
Жанко Јованов |
![]() |
![]() |
![]() |
|
Ванчо Малинов |
Васе Митев |
Ѓорги Попов |
![]() |
![]() |
![]() |
|
Зоран Секуловски |
Митко Тодоров |
Илија Узунов |
![]() |
![]() |
|
Звонимир Шолаја |
Никола Георгиев |
ПОЖАРНИКАРИ
![]() |
![]() |
![]() |
|
Тони Малчев |
Ристо Аџиев |
Мирослав Велков |
![]() |
![]() |
![]() |
|
Атанас Вучков |
Зоран Гонев |
Александар Гудев |
![]() |
![]() |
![]() |
|
Димче Диков |
Тони Димитриев |
Орце Ѓорѓиев |
![]() |
![]() |
![]() |
|
Ристо Јанакиев |
Живко Каракачанов |
Јордан Костов |
![]() |
![]() |
![]() |
|
Стипе Шириќ |
Џевад Куртовиќ |
Орце Постолов |
![]() |
![]() |
![]() |
|
Ристе Ристовски |
Златко Станков |
Вернер Стоилов |
![]() |
![]() |
![]() |
|
Александар Стојанов |
Панче Таковски |
Мирчо Ташев |
![]() |
|
Дејан Ристов |
Работното време на пожарникарите е по 12 часа.
Што работат професионалните пожарникари:
Пожарникатите ги штитат луѓето, животните и имотите на луѓето загрозени од пожари, поплави, земјотреси и други катастрофи, а дејствуваат и во разни технички интервенции како што се: сообраќајни несреќи, вадење на давеници, спасување на луѓе и животни од длабочини и од височини и разни други згоди и незгоди. За таа заштита да биде поуспешна и поорганизирана се формираат стручни професионални противпожарни единици со стручно оспособени пожарникари кои имаат организирано постојано дежурство и спремни се да помогнат на секој повик во секој момент. На самиот знак за дојава на настанат пожар или некој друг вид на интервенција кој е пријавен на карактеристичниот број 193, пожарникарите итно со соодветната опрема тргнуваат на местото на настанот за да започнат што побрзо со гаснењето или спасувањето. Работните задачи на пожарникарите се различни. При само една акција можат да имаат повеќе работни задачи, како што се: гаснење пожари, спасување луѓе, давање прва помош, проветрување на просториите од чад, изнесување на предмети од простории зафатени со пожар и редица други работни задачи кои ќе се покажат за потребни. Бидејки станува збор за многу сложени работи во Единицата е потребна добра организација и тимска работа, поради што секојдневно се спроведуваат теоретска и практична настава и обука која се изведува во противпожарниот дом и на полигонот.
Работни услови:
Пожарникарите работат во многу различни услови. При гаснењето на пожари и други работни акции изложени се на многу штетни влијанија. Најчесто се изложени на опасности од огнот, чадот, отровните пареи, рушењето на објектот, паѓање на разни премети, истекување на отровни хемикалии и киселини и сл.. Во акциите речиси секогаш се изложени на влага и разни временски влијанија: сонце, дожд, снег, лед и сл. За да се намалат тие штетни влијанија, се применуваат технички и лични заштитни средства (заштитни одела, заштитни кондури, заштитни шлемови, изолациони апарати со комприминиран воздух, заштитни маски, скали, јажиња и сл.) зависно од видот на настанот. Пожарникарите мора да работат многу брзо и увежбано во склоп на потребите од превземената акција координирано со другите пожарникари учесници во акцијата и да се однесуваат како еден тим. Тоа се тешки физички активности, затоа што треба да се ракува со противпожарната опрема и средствата за гаснење, мора да се качуваат и влегуваат на разни честопати недостапни места каде си ги ставаат и сопствените животи во опасност. Понекогаш се тоа долготрајни дејствија во кои работењето не престанува и по неколку дена се додека работата не се заврши во целост, додека не се изгасне пожарот, додека не се ослободи блокираниот простор или не се осигурат луѓето и материјалните добра на кои им се заканува опасноста и др. Работното време на пожарникарите е 12 часа, а после тоа се слободни наизменично 24 часа или 48 часа. Работата дење, ноќе, во викенд и на празници. Пожарникарските работи се активности под посебни работни услови па нив неможе да ги извршуваат лица помлади од 18 години, и лица кои здравствено не ги исполнуваат условите за професионален пожарникар. Поради штетните влијанија на здравјето и животот, здравствената способност на пожарникарите се проверува секои 24 месеци. Пожарникарот мора да биде здрав и во добра телесна кондиција, да има исправен слух и осетливост за рамнотежа за работа на висина, да има добар ви и уредно видно поле, да има здрав и уреден дишен систем, стабилен крвен притисок, складен сооднос на горните и долни удови, добра ориентација и координација. Важни се и емоционалната стабилност, социјалното прилагодување и склоноста кон тимска работа.









































