Што да се превземе во случај на пожар?
1. Дејствувајте внимателно, и без одлагање.
2. Пристапете кон eвакуација на луѓето. Спасувањето има предност пред гаснењето, исто така во фармите за крупен добиток и во живинарските фарми пристапете кон спасувањето и евакуацијата на животните.
3. Во стамбените објекти разгледајте ја можноста за спасување - евакуација низ прозорците или кровот.
4. Избегнувајте го чадот.
5. Избегнувајте да ги вдишувате пареите кои испаруват од материите кои горат.
6. При најмало изложување на чад луѓето ја губат свеста, што значи дека чадот честопати е попасен од самиот пламен.
Многу луѓе страдаат како последица на загушувањето и тровењето од пареите на материите кои горат.
Брзото доаѓање и пристапот до местото на несреќата e од одлучувачко значење и најважен чин за противпожарната интервенција.
Знајте: Зоната на задимување може да биде сто пати поголема од зоната на дејствувањето на пламенот.
--> ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ, ОПШТИ ОПАСНОСТИ ОД ПОЖАРИ И МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА.

