Во Република Македонија за првпат пред 172 години односно на 20.05.1836 год. во градот Битола по големиот пожар во кој изгорела целата битолска чаршија од левата и десната страна на реката Драгор се организира здружение на доброволни пожарникари. Можеме да споменеме дека непосредно после формирањето на првото здружение на пожарникари во градот Битола, во нашиот град Струмица група храбри луѓе формираат здружение на доброволни пожарникари кој во случај на појава на пожар први организирано излегувале да се борат со огнената стихија. Постојат записи за првото регистрирано здружение на доброволни пожарникари во градот Струмица од 1913 година кога бил запален речиси целиот град. Тоа здружение опстојува се до 1944 година кога за првпат се формира Професионална противпожарна единица со свој Статут која материјалните средства за набавка на возило, противпожарна опрема, униформи и средствата за плати биле од буџетот на тогашната општина Струмица. Професионалната противпожарна служба под локалната самоуправа работи се до 1975 година кога со одлука на Собранието на тогашната Социјалистичка Федеративна Републикиа Југославија сите противпожарни служби преминуват под буџетот на Републиката односно во склоп на Министерството за Внатрешни работи и се преименуват во Територијални Противпожарни Единици. Во 2005 година поточно од 01.07.2005 година повторно со одлука на Собранието на Република Македонија и со Законот за пожарникарство сите Територијални Професионални Противпожарни Единици поминуват под ингиренција на локалната самоуправа. Заради оперативно делување при гаснење на големи пожари на целата територија на Република Македонија Територијалната Професионална Противпожарна Единица на градот Струмица ќе дејствува и како републичка Противпожарна Единица на Република Македонија.